Тука е објаснето како можеш да се повлечеш од нарачката, како да го вратиш производот и што правиме ако нешто не е во ред. За прашања, пиши ни на info@monetasystem.com или јави ни се на (+389) 71259667.
Право на повлекување во рок од 14 дена
Ако нарачуваш како потрошувач преку нашиот сајт, можеш да се повлечеш од договорот без да наведеш причина, во рок од 14 дена од денот кога ќе ја добиеш нарачката, согласно член 127 од Законот за заштита на потрошувачите.
Ако нарачката се состои од повеќе пратки, рокот тече од денот кога ќе ја добиеш последната пратка.
Преднарачките се праќаат од 1 декември. Рокот од 14 дена тече од денот кога ќе ја добиеш пратката, а не од денот на нарачката.
Како да се повлечеш
- Испрати ни порака на info@monetasystem.com со име и презиме, број на нарачката и јасна изјава дека се повлекуваш од договорот.
- Доволно е изјавата да ја испратиш пред да истече рокот од 14 дена.
- Ќе ти потврдиме дека сме ја примиле изјавата и ќе ти кажеме како да ни го вратиш производот.
Враќање на производот
- Врати го производот најдоцна 14 дена откако ќе ни ја соопштиш одлуката за повлекување.
- Производот треба да биде неоштетен и, по можност, во оригиналното пакување.
- Адреса за враќање: Moneta Sistem, Гемиџиска 44, Прилеп
- Трошокот за враќање на пратката го плаќаш ти.
Доставата (170 ден) се плаќа на курирот при преземање. Таа не е дел од цената на нарачката.
Враќање на парите
При повлекување ти ги враќаме цената на производот и првичната достава од 170 ден, во рок од 14 дена од денот кога ќе ја примиме изјавата за повлекување, на истиот начин на кој е платено. Ако е платено со картичка преку cPay, парите се враќаат на истата картичка. Ако е платено при достава, ќе те замолиме за број на сметка за враќање.
Можеме да го задржиме враќањето на парите додека не го добиеме производот или додека не добиеме доказ дека е испратен.
„Твојата МОНЕТА“
„Твојата МОНЕТА“ може да се врати како и сè друго, ако е неоштетена и неупотребена. Составена е од стандардни делови и не е изработена по мерка.
Производ со недостаток или погрешен производ
Ако добиеш оштетен производ, производ со недостаток или погрешен производ, јави ни се што побрзо на info@monetasystem.com, со број на нарачката и фотографија, а најдоцна во рок од 60 дена од денот кога ќе го забележиш недостатокот, согласно Законот за заштита на потрошувачите.
- Според Законот за заштита на потрошувачите, можеш да побараш поправка, замена, намалување на цената или враќање на парите.
- Замената зависи од залихата. Ако производот не е на залиха, ќе ти понудиме друго решение од горенаведените.
- Кај производ со недостаток или погрешен производ, трошокот за враќање го сносиме ние.
- Законскиот рок за одговорност за несообразност на стоката е две години од предавањето, согласно Законот за заштита на потрошувачите.
Контакт
Moneta Sistem · Гемиџиска 44, Прилеп · ЕДБ: 7901283 · info@monetasystem.com · (+389) 71259667