Тука објаснуваме кои лични податоци ги собираме на monetasystem.com, зошто и какви права имаш, согласно Законот за заштита на личните податоци.

Кој ги обработува податоците

Moneta Sistem (бренд МОНЕТА / Moneta Планер), Гемиџиска 44, Прилеп, ЕДБ: 7901283. Контакт за прашања за приватност: info@monetasystem.com.

Кои податоци ги собираме

  • При нарачка: име и презиме, адреса за достава, град, поштенски код, телефон, е-пошта и белешка кон нарачката (ако ја оставиш).
  • При пријава за новости: е-пошта (и име, ако го внесеш).
  • При користење на сајтот: технички податоци (на пр. прелистувач, уред, страници што ги отвораш) преку колачиња и слични технологии. Користиме колачиња на WooCommerce за кошничката и сесијата, LiteSpeed Cache и Hostinger за работа и брзина на сајтот, MailerLite за новости и форми, cPay / Касис за плаќање со картичка и Meta Pixel и Conversions API (преку PixelYourSite) за мерење и реклами.

Зошто ги користиме

  • За да ја обработиме и испратиме нарачката и да комуницираме со тебе за неа (врска со договорот).
  • За да ти праќаме новости и понуди од МОНЕТА, само ако се пријавиш (согласност). Можеш да се одјавиш во секое време преку линкот во секој мејл.
  • За мерење и реклами преку Meta Pixel и Conversions API (согласност).
  • За да ги исполниме законските обврски, на пр. сметководство (законска обврска).

Со кого ги споделуваме

  • Курирска служба: име, адреса и телефон, за да ја достави пратката.
  • cPay / Касис: за плаќање со картичка. Податоците за картичката ги обработува cPay, не ние.
  • MailerLite: за испраќање на мејлови и новости.
  • Meta (Facebook и Instagram): за мерење и рекламирање, преку пиксел и Conversions API на сајтот (PixelYourSite). Можеш да ја одбиеш оваа употреба преку поставките на прелистувачот или преку известувањето за колачиња, ако ти се прикаже.
  • Хостинг и техничка поддршка на сајтот (Hostinger) и LiteSpeed Cache, за работа и брзина на сајтот.

Не ги продаваме твоите податоци. Meta и MailerLite можат да обработуваат податоци надвор од Северна Македонија и Европската Унија, со соодветни заштитни мерки согласно Законот за заштита на личните податоци.

Колку долго ги чуваме

Податоците од нарачките ги чуваме колку што е потребно за исполнување на нарачката и во роковите пропишани со закон, вклучително и колку што е потребно за сметководство. Е-поштата за новости ја чуваме додека не се одјавиш.

Твои права

Согласно Законот за заштита на личните податоци, можеш да побараш пристап до своите податоци, исправка, бришење, ограничување на обработката, пренесување на податоците и да поднесеш приговор, како и да ја повлечеш согласноста кога обработката се заснова на согласност. Пиши ни на info@monetasystem.com. Имаш право да поднесеш барање и до Агенцијата за заштита на личните податоци, бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, 1000 Скопје, www.azlp.mk, е-пошта info@privacy.mk.

Колачиња

Сајтот користи колачиња за да работи кошничката и наплатата (WooCommerce), за хостинг и брзина (Hostinger и LiteSpeed Cache), за новости (MailerLite) и за мерење и реклами (Meta Pixel и Conversions API преку PixelYourSite). Колачињата потребни за кошничката и наплатата се потребни за да работи сајтот. Колачињата и алатките за маркетинг и мерење, вклучително пикселот, се користат за мерење и реклами. Можеш да ги блокираш или избришеш од поставките на прелистувачот, или преку известувањето за колачиња ако ти се прикаже. Блокирањето на потребните колачиња може да влијае на работата на кошничката и наплатата.

Промени

Ако ја променеме оваа политика, новата верзија ќе биде објавена на оваа страница.