Овие услови важат за купување преку monetasystem.com. Со нарачката потврдуваш дека ги прифаќаш.

Продавач

Moneta Sistem (бренд МОНЕТА / Moneta Планер), Гемиџиска 44, Прилеп, ЕДБ: 7901283, е-пошта info@monetasystem.com, тел. (+389) 71259667.

Производи и цени

  • Цените се изразени во денари (ден). Продавачот не е обврзник за ДДВ.
  • Понудата вклучува „Твојата МОНЕТА“ (корица по избор, ОСНОВА и разделници, со додатоци по избор), комплетите АЛФА и ЛАЛЕ (преднарачка) и комплетот КЛАСИК (на залиха).
  • Пакувањето е без доплата.
  • Доставата не е дел од цената на нарачката (види „Достава“).

Нарачка

Нарачката ја правиш преку страницата за преднарачка, преку страницата на производот или од кошничката. Пред да ја завршиш, го гледаш прегледот на нарачката. Договорот се смета за склучен кога ќе ти ја испратиме потврдата на нарачката.

Плаќање

  • Плаќање со картичка (Visa, Mastercard или Maestro) преку cPay на Касис. Податоците за картичката ги внесуваш на безбедната страница на cPay; ние не ги гледаме и не ги чуваме.
  • Плаќање при достава, при преземање на пратката.

Достава и рокови

  • Доставата (170 ден) се плаќа на курирот при преземање. Таа не е вклучена во износот што го гледаш во кошничката и при наплата.
  • КЛАСИК е на залиха и се праќа за 1–2 работни дена.
  • Преднарачките (Твојата МОНЕТА, АЛФА и ЛАЛЕ) се праќаат од 1 декември.
  • Ако во иста нарачка има преднарачка и КЛАСИК, целата нарачка се праќа заедно од 1 декември. За побрза испорака на КЛАСИК, нарачај го посебно.
  • Преземи ја пратката од курирот и провери ја при преземање.

Повлекување, враќање и рекламации

Правата при повлекување од договорот, враќање, замена и недостатоци се објаснети на страницата „Поврат и замена“.

Лични податоци

Како ги користиме личните податоци е објаснето во „Политика на приватност“.

Содржина и авторски права

Текстовите, фотографиите, дизајните на листовите и разделниците и името МОНЕТА се наши. Не смееш да ги копираш или користиш комерцијално без наша писмена согласност.

Промени на условите

Можеме да ги менуваме условите. За нарачка важат условите што биле објавени во моментот на нарачката.

Спорови

Ако имаш приговор, прво пиши ни на info@monetasystem.com и ќе се трудиме да го решиме договорно. Ако не се договориме, надлежен е судот во Прилеп. Како потрошувач можеш да се обратиш и до здружение за заштита на потрошувачите или да побараш вонсудско решавање на спорот, согласно Законот за заштита на потрошувачите.