Moneta Планер

Original price was: 1.960 ден.Current price is: 1.399 ден.

Планерот не треба да ти даде уште една обврска, треба да ти олесни. Монета е за тебе ако денот ти е полн а работите што сакаш да ги следиш се расфрлани меѓу телефонот, тетратките и мислите што си велиш дека ќе ги запомниш. Во еден A5 планер ги имаш неделните обврски, приоритетите, финансиите, навиките и белешките што ти се важни. Нема однапред внесени датуми, па започнуваш кога си подготвена без празни страници и без чувство дека повторно не си истрајала. Не купуваш планер за да пишуваш повеќе, го избираш за полесно да видиш што заслужува место во твојот ден.

Опис

Денот ти е полн уште пред да го отвориш планерот.

 

Монета е A5 планер со елегантна корица од PU кожа, создаден за реалното секојдневие денови во кои истовремено имаш обврски, лични цели, семејни планови и трошоци што не сакаш повеќе да ги следиш само во глава.

Во нејзините 192 страници ќе најдеш простор за:

  • годишни и месечни цели
  • месечен преглед и неделно планирање
  • приоритети и обврски
  • буџет, приходи и трошоци
  • заштеда, долгови и инвестиции
  • навики, оброци и проекти
  • претплати и белешки

Страниците немаат однапред внесени датуми, па можеш да започнеш во кој било период и да го користиш секој лист. A5 биндерот со шест прстени овозможува страниците да се преместуваат, дополнуваат и заменуваат според твоите потреби.

Монета не е место каде само ќе запишеш што треба да направиш. Таа е место каде ќе видиш на што навистина ги трошиш времето, вниманието и парите.